Брисел: Во Европскиот парламент денеска започнува постапката на сослушување на кандидатите за еврокомесари пред членовите на ресорните парламентарни комитети.
За време на сослушувањата кандидатите за еврокомесари треба да ги убедат европратениците дека имаат доволно квалификации и знаење да раководат се ресорите за кои се номинирани, како и да ги извршуваат должностите како членови на Колеџот на комесари на Европската комисија.
Во првите четири дена од сослушувањата, од денеска до четврток, ќе бидат сослушани 20-те номинирани еврокомесари, а за следниот понеделник (12 ноември) е предвиден „распит“ на петмината кандидати за потпретседатели на Европската комисија и за висока претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас.