Сашо Орданоски: Моите прогнози се дека доколку победи Трамп, покрај традиционалните и добро познати слоеви на поддржувачи што тој ги има во милионското гласачко тело зад себе, тоа особено ќе биде резултат на натпросечната мобилизација на помладите машки, главно бели, гласачи кои, во епохата во која сите живееме, се чувствуваат несигурни, збунети, дури и уплашени за својата иднина, многу од нив се со конзервативни, патријархални ставови, агресивни и раздразнети од општествените промени во кои расните, културните, сексуалните, родовите, јазичните и секакви други малцинства бараат еднаквост во своите човекови и политички права… Од друга страна, доколку победи Харис, речиси сум сигурен дека клучниот фактор за тоа ќе биде необично високата гласачка мобилизација на жените, особено белите жени од помлада и средна возраст, од предградијата, со или без колеџ-образование, кои имаат исклучително негативни ставови за прашањата врзани за правото на абортус и правото тие, а не државата (како што бара Трамп!) да решаваат што ќе прават со сопственото тело. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.