Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во предлог-законите за основно и средно образование отстранети „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“

0
By Marija Todorovska on November 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 5, 2024 10:12

Во предлог-законите за основно и средно образование се отстранети заштитените основи од дискриминација „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“. Мрежата за заштита од дискриминација и Стела изразуваат голема загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование кои ќе значат назадување наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес.

„Со предлог измените најгрубо се кршат правата на децата, како и директно се загрозува нивниот ментален и физички интегритет. Кога институциите системски ќе исклучат и избришат одредени групи ученици, тогаш тие директно даваат сигнал дека се охрабрува понатомошното исклучување и опресија во општеството на овие групи. Дополнително, ваквите постапки им даваат сигнал на агресорите, од коишто жените, девојчињата и ЛГБТИ+ учениците трпат постојано насилство, дека нивните постапки се само продолжение на тоа како институциите ги третираат овие групи, нормализирајќи го нивното насилство“, реагираат тие.

Како претставници на граѓанското општество чијашто работа и застапување се насочени кон недискриминацијата, почитувањето на човековите права и инклузија на маргинализираните заедници тие доставиле барање за средба со министерката за образование и наука, а нивните барања се:  двата предлог закона да се повлечат, да се вратат во работна група која би се дополнила со стручни лица од областа на правото и човековите права за да се подготви текст кој ќе обезбеди гарантирање на сите права кои како држава сме ги гарантирале со потпишување и ратификување на меѓународните конвенции и да бидат вклучени во работната група или да бидат консултирани пред текстот да биде испратен до Влада на разгледување и усвојување, со цел да утврдат дали предлозите се усогласени со постоечките правно обврзувачки акти.

 

дискриминација мрежа за заштита од дискриминација Основно образование род родов идентитет сексуална ориентација Средно образование Стела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.