Published: Wednesday, November 6, 2024 17:58
Доналд Трамп не ја освои само Белата куќа. Во средата стана побогат за повеќе од една милијарда долари, пишува Си-ен-ен.
Акциите на „Трамп медиа“, кои тргуваат под симболот „DJT“, пораснаа за 35% во претпазарното тргување, давајќи и неверојатна пазарна вредност од околу 9 милијарди долари.
Трамп е доминантен акционер на конзервативната компанија за социјални медиуми која има скромни приходи и бележи загуби.
Како што се намалуваа шансите за победа на Трамп, цената на акциите на компанијата падна на рекордно ниско ниво во текот на септември. Но, помеѓу 23. септември и крајот на октомври, вредноста на „Трамп Медиа“ тројно се зголеми со неверојатен скок поттикнат од облозите за победа на Трамп во Белата куќа.




