Рускиот претседател Владимир Путин не планира да му ја честита победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Не сум запознаен со какви било планови на претседателот да му честита на Трамп, изјави Песков веднаш откако Трамп прогласи победа над неговиот демократски противник Камала Харис.
Да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја која директно и индиректно е вклучена во војна против нашата држава, истакна тој.
Москва прогласи десетици земји како „непријателски“ поради активностите што ги смета за непријателски кон интересите на Русија, вклучително и економските санкции и поддршката за Украина додека се брани од инвазијата на руските сили.
Портпаролот на Кремљ додава дека рускиот претседател останува отворен за контакт со Трамп но нагласи дека властите во Русија „не треба да бидат тие што прашуваат“ за правење на првите чекори кон воспоставување контакт.




