Камала Харис му се јави на Доналд Трамп да го признае поразот на изборите и да му честита за победата, изјави висок помошник на Харис.
Како што наведе, потпретседателката разговарала за важноста на мирен трансфер на власта и дека претседателот треба да биде претседател на сите Американци, рече помошникот.
Според двајца други помошници, Харис го поминала утрото и попладнето подготвувајќи го својот говор за признавање на поразот, кој треба да го одржи вечерва.