НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се затворат два института најави министерката Јаневска

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

-Дозволете да ги затвориме и транспарентно ќе објавиме. Во овој момент, најверојатно, продолжува и за уште три, но треба да заврши и ќе имаме информација, изјави Јаневска претпладнево при посетата на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип по повод неговото трансформирање во регионален центар за средно стручно образование и обука.

Кај дел од универзитетите, рече, сосема е при крај процесот односно постапиле со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори.

На новинарско прашање дали инспекции има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговори дека и таму имало една контрола од која се чека извештајот, нагласувајќи дека сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот.  Секаде каде што ќе бидат завршени процесите, истакна Јаневска, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите.

Во интервју за Радио Слободна Европа во неделата министерката посочи дека се утврдени неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.

На Државниот универзитет Тетово, како што рече, е утврдено нелегален избор на  двајца наставници и дека таму инспекцискиот надзор сè уште трае.

-Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки. Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи….Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два, рече Јаневска.

На прашањето дали ќе се затворат универзитети, министерката во интервјуто одговори дека тоа во овој момент не може да го тврди, но инспекцискиот надзор, како што рече, „ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“.

институти Јаневска образование универзитети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.