НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И пред и по средбата со Макрон, Мицкоски знаеше дека со уставните дополнувања се продолжуваат преговорите

0
By Zoran Ivanov on November 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораките од Макрон се јасни за оној што сака да ги види: поддршката останува, затоа што концептот и решението во “францускиот предлог” се пакетот отстапки што ја сменија основата на 80-годишниот пристап на Бугарија кон македонскиот народ – на различност дефинирана токму низ Уставот на Северна Македонија.

Ивон Величковски

Исто како што тоа беше условот и за Владата на Ковачевски.

И за следната Влада, доколку политичките лидери уште сега не се помират со фактот дека колку и да ги избегнуваат – решенијата за граѓанската рамноправност се гаранција на македонскиот народ кон сите и на сите кон македонскиот народ. И низ Преговарачка рамка за полноправно членство во ЕУ.

Откако ни се потврди и скепсата за средба Мицкоски – Радев под покровителство на Орбан, се надевам дека на следните сугестии ќе се посвети повеќе внимание.

Не затоа што сме “неопходни”, туку затоа што сме добронамерни и – засегнати, како припадници на македонскиот народ и како граѓани на Северна Македонија – надвор од ЕУ.

Пораките од Макрон се јасни за оној што сака да ги види: поддршката останува, затоа што концептот и решението во “францускиот предлог” се пакетот отстапки што ја сменија основата на 80-годишниот пристап на Бугарија кон македонскиот народ – на различност дефинирана токму низ Уставот на Северна Македонија.

Затоа беше нереално очекувањето дека Радев би се сретнал со Мицкоски за да му ја оправда предизборната кампања и актуелната владина политика.

Сега е време да се каже: Со “средбата на маргините” за повторена поддршка за преговорите согласно утврдената рамка, Макрон јасно порача дека “фиромизација на преговарачката рамка”, оваа нова “двојна формула” на скопската медиа-партиска елита – е предвидливо себеоддалечување на Скопје од Брисел.

Оттука, форматот на средбата и појаснувањето низ соопштение од Елисејската Палата е средство на Париз да се знае што е зборувано, за да нема мешетарски толкувања во Скопје.

Горчината на “јавноста” во Скопје концентрирана во потегот “Водно” – “Дебар маало” – “Илинденска” веќе покажува дека и тие ја примиле пораката.

Сега е прашање кој ќе остане доследен на националниот интерес за членство во ЕУ: Мицкоски – менувајќи ја својата политика и реторика или опозицијата – останувајќи доследна на својата интегративна политика?

Реплицирањето на играта Црвенковски – Груевски по Букурешт 2008 и ускокнување на ДУИ во форматирањето предвремени избори е сепак препредвидливо. И некорисно.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.