НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за новите реалности на војната со старите цели на кремљовскиот режим – уништување на Украина: Мора да се дејствува веднаш, Планот за победа на претседателот Зеленски е јасен

0
By Zoran Ivanov on November 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, говори за најновиот развој на ситуацијата, особено по приклучувањето на севернокорејската војска во редовите на рускиот агресор. Амбасадорката ги открива размерите на руско-корејската воена соработка, како што добива режимот на Северна Кореја како компензација за испраќањето војници во состав на руската агресорска армија.

Понатаму, во ова интервју, Амб. Дир зборува за тоа што сѐ може да значи овој развој на настаните и што е итно потребно да направи меѓународната заедница за да ја спречи руската наезда, а со тоа да се заштити и мирот и стабилноста на Западот. Еден од чекорите е Украина да стане членка на НАТО.

Украинската амбасадорка срдечно се заблагодари за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од првиот дел на воената агресија со целосни размери. Таа изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат безбедносен договор меѓу Украина и Северна Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Северна Кореја влезе во отворена поддршка на рускиот агресор со жива воена сила. Кои се вистинските размери на военото партнерство меѓу овие две земји?

Амб. ЛАРИСА ДИР: Соработката помеѓу РФ и Северна Кореја прерасна во тесно воено „сојузништво“ – од снабдување на РФ со муниција, до користење на севернокорејските трупи во војната на РФ против Украина.

РФ веќе доби од Северна Кореја неколку милиони артилериска муниција, гранати и ракети.

Во текот на 2024 година, Северна Кореја спроведе тестирања на балистички ракети, како и на стратешката крстосувачка ракета „Пулхвасал-3-31“, што укажува на постојано модернизирање на нејзиниот арсенал.

Севернокорејски војници

ЦИВИЛ МЕДИА: Што добива Северна Кореја за возврат?

ДИР: Во замена за муницијата, Северна Кореја добива финансиска помош од РФ, прехранбени производи и валута. Прогнозата е дека амбициите на Северна Кореја се пошироки – со цел да обезбеди развој на вселенската и нуклеарната програма.

Користењето на севернокорејските трупи од РФ во војната против Украина, вклучувајќи и пешадиски и инженериски единици, ќе овозможи практично бојно искуство за севернокорејската армија, кое може да биде искористено на друго место во светот.

Исто така, РФ, користејќи ја ситуацијата на Корејскиот полуостров, ја снабдува Северна Кореја со технологии за модернизирање на нејзините воени капацитети, како подобрување на противвоздушната одбрана и ракетите „земја-воздух“.

Северна Кореја продолжува со ракетните тестирања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што претставува вклучувањето на севернокорејската армија во воените операции?

ДИР: Северна Кореја ја испраќа својата војска на територијата на РФ, во непосредна близина на украинската граница. Вклучувањето на Севернокорејските сили во војната против Украина е демонстрација на подготвеност на РФ за понатамошна ескалација.

Ова се новите реалности на војната со старите цели на кремљовскиот режим – уништување на Украина.

Тактиката на самоограничување на демократскиот свет во одговор на отворената агресија, со која, всушност, се разурна Повелбата на ОН и меѓународниот правен поредок, досега не придонесе за стабилизирање на безбедносната ситуација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што треба да преземе меѓународната заедница и институциите на меѓународниот поредок?

ДИР: Неопходно е да се дејствува веднаш. РФ се полни со оружје и гради сојузи со држави кои поддржуваат тоталитарни режими. Сепак, и покрај тоа, РФ е денес послаба од Западот, а земјите од Рамштајн имаат значително поголеми ресурси за да ја обезбедат победата на Украина и да ја запрат војната.

Планот за победа на претседателот Володимир Зеленски има многу јасни компоненти: членство на Украина во НАТО, незапирливо зајакнување на нејзината одбрана и мерки на одвраќање на украинска територија кои ќе го принудат рускиот агресор да постигне праведен мир.

Со капитулација и политика на попуштање, РФ не може да се запре.

Повеќе од 200 консултации во Минскиот и Нормандискиот формат во периодот 2014-2022 година не ја спречија РФ од сурово и сеопфатно инвазивно дејствување против Украина.

РФ мора да биде спречена.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што ќе се случи ако Западот продолжи да се колеба?

ДИР: Цената на спречувањето и одбраната ќе продолжи да расте ако Украина нема солидарност, повеќе оружје и укинување на ограничувањата за нејзина употреба за уништување на руски воени објекти, кои овозможуваат бомбардирање со повеќетонски смртоносни бомби врз главите на Украинците.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во што се состојат предлозите и барањата од Украина?

ДИР: Украина постојано нагласува дека членството во НАТО е единствената ефикасна безбедносна гаранција за прекин на руската агресија. Приемот на Украина во Алијансата, заедно со билатералните безбедносни договори до пристапувањето, и истовременото исполнување на другите точки од Планот за победа, ќе ја промени динамиката на военото поле и ќе ја принуди РФ на вистински мир.

Украина, исто така, се надева дека наскоро ќе постигне безбедносен договор со Република Северна Македонија, која од првиот ден на војната ја поддржува Украина. Многу ја цениме поддршката на Северна Македонија како членка на НАТО.

По оваа сурова војна, Украина ќе има искусен воен контингент. Овој украински искуствен придонес може да се искористи за зајакнување на одбраната на Алијансата и обезбедување на нејзината безбедност.

989 дена Украинците ја држат линијата на одбрана. 989 дена украинската армија ја штити Украина и Европа. Украина е актива за НАТО.

За покана на Украина е потребна само политичка волја од земјите-членки на Алијансата. Впрочем, тоа е политичка волја за постоење на европската безбедност. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.