Берлин: Германија денеска со повеќе свечености под називот “Да ја сочуваме слободата“ одбележува 35 години од падот на Берлинскиот, во моменти кога во Украина беснее војна и многумина стравуваат дека демократијата е нападната.
Канцеларот Олаф Шолц, чија коалиција драматично се распадна неделава, денеска изјави дека либералните идеали од 1989 година „не се нешто што можеме да го земеме здраво за готово“.
-Нашата историја и светот околу нас го покажуваат тоа, рече Шолц, чија трипартиска владејачка коалиција се распадна на денот кога Доналд Трамп беше реизбран за претседател, што доведе до политички превирања и принудувајќи ја Германија на нови избори.
Денот 9. ноември 1989 година се слави како датум кога источногерманската диктатура ги отвори своите граници кон Западот по неколкумесечни мирни масовни протести, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија и колапс на советскиот комунизам.