Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кенија: На денот на изборите – убиени 17 луѓе

0
By Нова ТВ on March 4, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2013 13:01

Седумнаесет луѓе се убиени во два напада врз полицијата во крајбрежниот дел на Кенија на денот кога во оваа најбогата и порано најстабилна земја на истокот од Африка се гласа на претседателските, парламентарните и регионалните избори, соопшти локалната полиција.

Станува збор за два напада на банди вооружени со мачети врз полицијата во предградие на Момбаса, вториот по големина град во Кенија, објавува Макфакс.

Во нападите убиени се двајца полицајци, шест напаѓачи и двајца цивили.

Локалните функционери сметаат дека барем зад еден од нападите стојат припадници на сепаратистичкото движење Републикански совет на Момбаса, коешто се залага за независност на источна Кенија. Тие се заканија дека ќе го попречуваат гласањето, доколку не се исполнат нивните барања.

Кенија, најбогата и до минатите избори во 2007 година најстабилната земја во немирната источна Африка во понеделник го избира претседателот на државата, пратеници во двата дома на парламентот, покраински совети и гувернери, а неколку часови пред отворањето на избирачките места убиени се четири полицајци што предизвикува стравувања дека изборите повторно може да минат во насилство.

Кениските функционери и кандидати последните денови повикуваа на избегнување на насилството коешто ги одбележа предвремените избори во 2007 година со дури 1.200 загинати и го уништи имиџот на Кенија како една од најстабилните африкански демократии.

Меѓу осумте претседателски кандидати изедначени се во анкетите 68-годишниот Раила Одинга, и неговиот главен противник 51-годишниот Ухуру Кенијата, кој во април годинава пред Меѓународниот кривичен суд (ICC) мора да одговара по обвиненијата дека го поттикнувал насилството по минатите избори.

Освен претседател ќе се избираат и пратеници во долниот дом од парламентот со 350 мандати и во сенатот кој има 68 места. Ќе биде гласано и за посебна женска група на пратенички. Паралелно де одржуваат и покраинските избори, а право на глас во Кенија и имаат 14,3 милиони избирачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.