Дрон од Либан денеска удри во градинка во близина на градот Хаифа на северот на Израел. Нема повредфено дете бидејќи децата навремне биле склонети во засолниште.
Остатоците од дронот биле расфрлани во дворот на градинката.
Израелската војска соопшти дека Хезболах лансирала најмалку четири беспилотни летала во текот на денот и дека воздухопловните сили пресретнале некои од беспилотните летала.
Медиуми јавија дека е погодено дрво во близина на градинката и дека дронот експлодирал, при што е причинета мала штета на зградата и оградата, а искршени се стаклата на градинката.