Скопје: Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.
Оваа година се одбележуваат и 90 години од неговото раѓање и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“.