Скопје е чаламот на маалските младичи и природната убавина и скромноста на неговите моми.
Борче Трајковски
Скопје е приказна во континуитет. Скопје е мирис, вкус, песна. Скопје е љубов. Скопје е соживот и другарство. Скопје се крие во мирисот на липите, на трендафилите и јоргованите. Во волшебниот мирис на анамската рака во скопските бавчи, наполно исто како што ти ги затвара очите вкусот под непцата на топлото кравјо масло во погачата од фурната на Диме покрај Серава, стокмена во наутли симит. Скопје е светната калдрма од дождот и мирисот на озон, Скопје е бела магла со меурчиња од Швепс. Скопје е звук. Звук на камбани од црквите и пеење на оџите од минарињата на џамиите. Скопје е чаламот на маалските младичи и природната убавина и скромноста на неговите моми. Скопје е театар, кино, корзо, меана. Скопје е Боем. Скопје е уметност, образование. Скопје е култура. Скопје е бон-тон. Скопје е музика, мода…
Скопје е сеќавање, Скопје е во постојана борба за ослободување, Скопје е приказна без крај…
Честит ден на ослободувањето од фашистичката “администрација“ Скопје…
Од Фејсбук ѕидот на авторот