Од возило во движење биле испукани 4-5 куршуми во непосредна близина на изборниот штаб на ДУИ во тетовска Мала Речица, соопштуваат од СВР Тетово.
Настанот се случил вчеравечер околу 21 часот и 50 минути на улица „Љуботенска“, а сторителите, кои се уште се непознати, најверојатно пукале од гасен пиштол.
Полициски службеници на СВР Тетово, за кусо време пристигнале на местото, но не се пронајдени празни чаури, ниту се регистрирани оштетувања на околните објекти.
Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на овој случај.