Џанси: Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси, во сојузната држава Утар Прадеш, Индија, јавуваат медиумите. Официјални лица изјавија дека пожарот брзо се проширил низ одделението каде што се лекуваат 55 бебиња.
Четириесет и пет бебиња се спасени и добиваат медицинска помош, изјави локалниот функционер Бимал Кумар Дубеј и потврди дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.