НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на толеранција за тираните

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлагам ротирачко претседателство меѓу Русија, Северна Кореја, Кина и уште неколку високо квалификувани режими. Демократскиот принцип овде е јасен: да се отвори вратата за сите што демонстрираат мајсторство во уметноста на угнетувањето и државничките вештини на силниците.

Џабир Дерала

Почитувани меѓународни организации, 

На овој Меѓународен ден за толеранција, ви се обраќам со вистински визионерски предлог.

Ајде да воспоставиме Меѓународен ден на толеранција за тирани. Таков ден ќе ги одбележи напорите на владите и меѓународните организации во поттикнувањето на акција за прифаќање, толеранција и – конечно – целосна послушност кон тираните. Ова е кауза што вреди да се слави, особено бидејќи продемократските и прогресивните движења сѐ уште претставуваат егзистенцијална закана за стабилноста на тиранијата.

Оваа идеја, исто така, се совпаѓа со реалноста. На крајот на краиштата, најчесто веќе толерирате, овозможувате, или барем го игнорирате постоењето на тиранијата, воените злосторства и геноцидните војни. Зарем не би било почесно денешниот ден да го преименуваме за да го одрази сето тоа? Тоа дури може да ја зголеми вашата кредибилност – искреноста често остава впечаток кај донаторите. Замислете ги можностите за донации!

Дополнително, предлагам и нови денови за одбележување кои ќе го надополнат овој ден:

  • Светски ден на лажговците
  • Глобален ден на системска дискриминација
  • Меѓународна недела на МБС (Моќни, Богати, Сурови)

Секој од овие може да се прошири во Меѓународни месеци, па дури и Декади, со што ќе се осигури широка вклученост и признание.

Но зошто да застанеме тука? Ајде да го реформираме раководството на ОН и неговите безбројни тела за поголема ефикасност. Предлагам ротирачко претседателство меѓу Русија, Северна Кореја, Кина и уште неколку високо квалификувани режими. Демократскиот принцип овде е јасен: да се отвори вратата за сите што демонстрираат мајсторство во уметноста на угнетувањето и државничките вештини на силниците.

Останатите меѓународни организации несомнено ќе го следат примерот. Повеќето веќе се на половина пат.

И не грижете се за протести или отпор. Со оглед на тоа што летаргијата и лагите владеат, отпорот сè повеќе излегува од мода.

Ваш во стратешка усогласеност,
Џабир Дерала

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.