Во текот на оваа ноќ и утрото, руските терористи користеа дронови од различни типови, вклучувајќи Шахеди’, крстосувачки, балистички и аеробалистички ракети: Циркони, Искандери, Кинжали или околу 120 ракети и 90 дронови, рече претседателот Зеленски во видео обраќањето на Телеграм.
Украинскиот претседател ја извести украинската и светската јавност дека силите за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 140 воздушни цели.
Целта на непријателот беше нашата енергетска инфраструктура низ цела Украина. За жал, има оштетувања на објекти поради директни удари и паѓање на остатоци. Во Николаев, поради напад со дрон, две лица загинаа, а шестмина се повредени, од кои две деца. Моето сочувство до семејствата и блиските на загинатите, изјави Зеленски.
Тој изрази благодарност до силите за противвоздушна одбрана кои учествуваа во одбивањето на овој руски напад.