Пјонгјанг: Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги повика вооружените сили на неговата земја да го завршат процесот на воени подготовки, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Во говорот одржан пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг, Ким го опиша Корејскиот полуостров како „најголемото жариште на светот“ и ги обвини Вашингтон и Сеул за заострување на регионалните тензии, оценувајќи дека ситуацијата е доведена „до најлошата фаза во историјата“.