Северна Македонија и Косово немаат никакви несогласувања, нагласи на почетокот на својот говор косовскиот премиер Албин Курти на меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово во Приштина.
Тој рече дека Косово и Северна Македонија се соседи, пријатели и блиски партнери.
Прво, почнав со една важна точка, Косово и Северна Македонија немаат несогласувања, имаме отворена комуникација и обемна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата која секој пат расте, туку и преку нашите врски, семејства и бизниси кои се сè посилни и посилни, рече Курти.
Понатаму, шефот на косовската влада го истакна симболичното значење на средбата што се одржува денеска, бидејќи таа се совпаѓа со 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Во текот на овие години беа потпишани 50 договори и меморандуми кои меѓусебно ни понудија повеќе и важно е нивното целосно и прецизно спроведување, рече косовскиот премиер.
Исто така, Курти нагласи дека му е задоволство и чест да му посака добредојде на неговиот македонски колега Христијан Мицкоски и неговата делегација на втората средба во Приштина.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на почетокот на седницата го изрази своето задоволство од срдечниот пречек што му го приреди неговиот колега Албин Курти денеска во Приштина во рамките на заедничката средба меѓу двете земји.
Тој се надева дека „енергијата и убавото време денес“ ќе бидат нов импулс за уште подобри односи меѓу Северна Македонија и Косово, пренесува Klankosova.tv.
Почитуван Албин, Ви благодариме за одличниот прием, енергијата и атмосферата што ни ги овозможивте денес овде во Приштина. Се надевам дека оваа убава енергија и убаво време ќе бидат нови импулси за уште подобри односи меѓу двете земји. Честопати се среќаваме надвор од нашите земји и разговараме за ситуацијата во нашите земји. Свесни сме за предизвиците, секој пат констатираме дека ако работиме заедно ќе бидеме посилни, рече тој.
На билатералната средба дефиниравме цел оваа година, трговската размена да биде над половина милијарда евра меѓу нашите две земји, во следните години економската соработка ќе биде уште поголема, убеден сум дека ќе успееме. Меѓувладината седница е доказ дека двете влади покажуваат дека соработуваат и дека имаме пријателски и блиски односи кои ќе ги унапредиме.
Имаме договор и во делот на енергетиката, како и регулирањето на граничните премини, граѓаните кои влегуваат и излегуваат од нашите земји да застануваат на еден премин, а не на два и на овој начин нема да има хаос на границата. Да имаме граничен пункт и да го забрзаме протокот на патниците, рече македонскиот премиер.