Берлин: Германија и Финска изјавија дека се длабоко загрижени што подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува земјите бил оштетен и отвориле истрага, во време на високи тензии со Русија.
Нашата европска безбедност не е само под закана од руската агресивна војна против Украина, туку и од хибридна војна од злонамерни актери, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на земјите.
Подводен телекомуникациски кабел што ја поврзува Финска со Германија денеска е оштетен од се уште неразјаснети причини, објави финската технолошка компанија „Синиа“ .
Оптичкиот кабел долг 1.172 километри го поврзува Хелсинки со Рошток во североисточна Германија од 2016 година.