НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ти кажувам ќерко – сети се снао, Агелер во честитката за Шекеринска му честиташе и на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку точно Мицкоски ја протолкувал пораката на Агелер, ќе дознаеме наскоро, според неговите потези кои ќе ги преземе во наредните денови.

Драган Мишев

Меѓу првите кои испратија честитки за изборот на Радмила Шекеринска на местото заменик генерален секретар на НАТО беше Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Воедно, таа изборот на Шекеринска му го честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата, за тоа што, како што вели,  застанале зад нејзината кандидатура, што најверојатно, со дипломатски речник значи честитка затоа што успеле да се воздржат да не го блокираат процесот, што е вообичаена пракса на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот токму со напорите за уставните  измени со промена на името за влез во НАТО, и сега со уставните измени за внесување на бугарите во Уставот со цел отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на  Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер.

Колку точно Мицкоски ја протолкувал пораката на Агелер, ќе дознаеме наскоро, според неговите потези кои ќе ги преземе во наредните денови.

Честитки за новата позиција на Шекеринска, која е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО и одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата дојдоа и од колегите од нејзината партија, Филипче, Спасовски, Ковачевски, Заев, Десковска, Маричиќ, Зајкова… Се уште не се пристигнати честитките и признанието од премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, кои по треземањето на власта се редовни посетители на самити и средби во НАТО, како и од претседателката Силјановски Давкова, која воедно е и врховен командант на Армијата, за изборот на Радмила Шеќеринска на местото заменик генерален секретар на НАТО, за што сакале/несакале, ќе мора да признаат дека е огромен успех на Република Северна Македонија , и преку изборот на Шекеринска, признание на нејзината посветеност при носењето на историската одлука земјата да стане, сега веќе признаена и ценета полноправна членка на НАТО.

Текстот е сопственост на ЦивиМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.