Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. Таа ќе биде заменик на генералниот секретар на НАТО.
-Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбдност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнаст, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати, соопштуваат од Советот на амбасадори.
Тие уверуваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.