Украинските единици за воздушна одбрана се обидуваат да го одбијат рускиот воздушен напад врз Кијив, соопшти воената управа на главниот град на Украина. Очевидци потврдија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии.
Укринфром јавува дека во Кијив е на сила воздушна тревога и дека во главниот град се слушаат експлозии.
Украинската армија ги предупреди граѓаните и за беспилотни летала над Киев.
Америка ја затвора својата амбасада во Киев откако доби, како што вели, поради „конкретни информации за потенцијален голем воздушен напад на 20 ноември“.
Москва вчера објави дека Украина ја погодила Русија со шест ракети со долг дострел ATACMS, испорачани од САД.