Пробиен е дел од браната во село Липа, Неготинско, и постои опасност целосно да попушти што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, алармираат претседателот на Месната заедница Јован Гелов и Здружението на граѓани од селото Липа, пренесува портралот А1он.
Според Гелов, проблемите со браната настанале како последица од поројните дождови.
За проблемот се информирани локалната самоуправа, комуналниот инспектор, Центарот за управување со кризи и Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Селото Липа е иселено, но постојано го посетуваат луѓе кои потекнуваат од таму и кои имаат обработливи земјоделски површини. Мал е бројот на оние што живеат во селото пшреку целата година.