Владата донесе одлука за утврдување кризна состојба во јавниот превоз во Скопје поради недостиг на гориво во ЈСП. Дел од државните нафтени резерви ќе бидат позајмени на Градот Скопје за да се надмине кризата и да се обезбеди функционирање на јавниот транспорт.
Донесена е одлука за итна набавка на деривати преку постапка со преговарање, со цел да се скрати времето потребно за снабдување. Со ова, Владата го затвора прашањето за тековните потешкотии во работењето на градското претпријатие, соопштуваат од Владата.