Софија: Повторно најмногу гласови собра доајенот и претседавач со седницата Силви Кирилов од Има таков народ -ИТН. Тој доби 101 глас „за“, 99 пратеници беа „против“, а 37 воздржани.
Според процедуралните правила, за избран ќе се смета кандидатот кој добил повеќе од половина од гласовите на присутните во пленарната сала.
На денешната седница, освен Кирилов, се гласаше и за Раја Назарјан од ГЕРБ-СДС. Наредната седница е закажана за среда, 27 ноември.