НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kога лудаците зборуваат за човечиња

0
By Биљана Секуловска on March 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како се почна со фрлањето бомби на Заев веќе и сами знаете, но ајде, бидете паметни и кажете- имал ли воопшто некој идеја, можело ли некој да предвиди дека ниту една драма на Шекспир не може да ја опише бруталноста и циркусот (Јанкуловска се повикува на Медрано) невиден во која се заплеткани сите ликови од лентиве на прислушкување.

Груевски сега се фаќа за пиштол кога зборува за “пучот на Заев”, слично онака како што Гебелс се фаќаше за пиштол кога ќе му го спомнеа зборот култура, но премиере, институциите се проклета работа, особено ако луѓето кои сега владеат наместо да служат, излезат да одговараат пред истите тие институции.

Затоа, да ја разгледаме состојбата на “лудаците”, што би рекол Ставревски кога говори за својата Влада, а кој како што одминува времето на лентите, се наоѓа на раб на самоубиство. Предизвикано од неговиот кум Груевски, но сепак е засенет од почесната титула атентатор на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која сепак и припаѓа на Јанкуловска.

За министерката за полиција луѓето кои под притисоци биле приморани да гласаат за нив се будалетинки, човечиња, цигани, додека таа за време на изборите трчала горе-доле низ МВР со цел да ги понижува и да им се исмева на амбасадорите кои ја чекале во една канцеларија и верувале во нејзината претстава (на апсурдност), која ни Јонеску не би ја смислил подобро, додека таа спрат погоре ги координирала “изборите” за будалетинките.

За еден од мастермајндите на местење на изборите, Јанакиески, имаат пософистицирано име:

ГЈ: Расплинети сме до бесвест. И само се праат некои мегаломански работи, јас вчера се испокарав со Миле дур бевте у Демир Капија.

ЗС: Тој е едно од најголемите копилиња.

И после само еден ден, лично се појавува министерот за транспорт Миле Јанакиески, придружуван, од кого ако не од најмилата лопата и изјавува:

“За господинот Ставрески можам да кажам дека, покрај тоа што ми е колега, го чувствувам како еден многу близок пријател, кој е дел од моето семејство. И понатаму односите ни се одлични… ”

Се прашувам што ќе се случи со мајката на сите копилиња, министерот Јанакиески и со неговото семејство, откако се ќе заврши.

И тој и јас знаеме дека никогаш нема да им бидат блиски оние сироти и јадни, гологази и замусени, на кои извршители им исклучуваат струја и секнуваат вода, тие, што ја запоседнале оваа земја и се прогласиле за нивен народ. Истите тие, ајде пак да го цитирам Ставревски, немаат за леб а со наредба како да се работи за Третиот рајх, мораат да јадат чоколадо. Лудаци сме ние, вика Ставревски, додека страдалнички и се поверува на Јанкуловска дека се воздржува да му го тресне телефонот од глава на Груевски.

Значи, што ќе се случи кога ќе дојде оној ден, кога ќе дојде крајот. Мислите дека Груевски не е Санадер и дека неговите најбитни луѓе нема да му додадат јаже и со сласт ќе му ја потргнат столицата, како што тоа му го стори на Санадер лично Јандроковиќ, министерот за надворешни? Тоа многу од нив месециве го сторија, само слушајте ги лентите и верувајте и понатаму дека се во прашање странски служби, додека се трупаат материјали кај Заев и редот на довчерашните “лудаци” се зголемува за прием кај лидерот на СДСМ.

Некој ќе мора да остане сам и време е Санадер да му објасни како тоа иде и на Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.