Венко Филипче: Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа, пред сè, е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. И` укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции ако се продолжи со ваква партизација, а имајќи и предвид дека сме имале лошо искуство во минатото и дека, една таква гломазна партизирана институција, може да се злоупотреби. Затоа сметаме и затоа реагираме дека треба да се запре партизацијата која се случува во Агенцијата за национална безбедност во овој момент. И, дополнително сметаме и дека обединувањето на агенциите од две во една, ќе направи една гломазна институција која што тешко може да се контролира. Тоа и` го укажав на претседателката.