Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајт сега во борба, до последниот Македонец!

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 1, 2024 11:33

Тој сака Македонија да остане бродоломец во океанот полн со орка китови, бели и црвени ајкули, орли, лавови и други предатори.

Бранко Тричковски

 БНема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада повеќе од ова не можеме да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е тоа. Тоа е нашата црвена линија…Ако тие (ЕУ, н.з.) не се спремни сега, ќе чекаме кога ќе бидат спремни!

Знам дека од котеријата на чипираните идиотите ќе ја поздрават оваа решителност и бескомпромисност на малиот Македонец во борбата со големиот Европеец. Уште од времето на Давид и Голијат малиот редовно предизвикува восхит кај публиката во арената.

Тоа е така симпатично.

Но…

Овој истрел на Христијан нема да и го раскрвави увото на Македонија, туку ќе ја погоди во стомак. Се разбира, нашиот атентатор можеше да ја погоди целта и во срцето или во челото, но оцени дека со распарчани цревца ќе умре побавно и поболно.

Како куче.

Таква е скицата што ја гледа во дурбинот на “Хеклер и Кох”.

Во својата глава.

Чао Европо!

Македонија не те ебе!

Атентаторот ти порачува „да го оставиш да си ги решава домашните задачи, да прави проекти, да покачува пензии, да покачува плати, да носи странски инвеститори, да работи на реформи, да ја носи правдата. Да работи чесно и посветено за граѓаните.”

Еве, речиси истовремено со неговиот истрел, народот, кој го обожува, и него и неговиот снајпер, добија нова тема за домашна задача: заштита на државните знамиња од палење и газење од страна на оние кои не ги разбраа неговите благородни идеи кога им го укинуваше балансерот заедно со намерата да им го укине и уставниот статус на јазикот.

Тоа значи дека тој и сите ние нема да имаме време и внимание за интеграцијата во Европската унија, понеже тука ќе се тепаме убиваме нежно, колеме и затвораме до исполнување на капацитетите на сите затвори.

Интеграцијата градена низ целата транзиција премиерот и неговите умоболни македонисти од партијата, ману и универзитетите, решија да ја разградат како катастрофална за македонскиот род и македонството да го реинсталираат како единствена државна и национална вертикала.

Да ги вратат Македонците во статусот газди на државата.

Помалку глупаво е да си го залепиме „сломљеното скопско крило на сдсм” и да одлетаме на Мелмак кај што, според информациите од Хабл и Веб, нема жив Албанец.

Мене во доверба ми рекоа дека нема ниту мртов.

Македонците ги издресира да лаат по секој Албанец. Како маалските кучиња по копачите на злато во градските контејнери. Како мали птички што решиле да ги задават албанските хиени кои им дошле на поилото во Норд Соренгети.

На масата има ливче од европската лотарија со која Македонија добива милијарда милијарди евра, таква е потенцијата на преговарачката рамка и на компромисите што ги прифати Бугарија+трајното решение на идентитетските прашања во корист на Македонците, тој вика не сакам лоз со плава боја, колкава сака добивка нека носи.

Тој сака да купи лоз ама да го плати дури откако ќе добие.

Хахаха!

Кој го овластил за вакво ниво на велепредавство? Не во поетска смисла велепредавство, туку во конкретна смисла, таква која ги опфаќа судбините на два милиони луѓе.

Народот?

На избори?

Кој народ?

Оглупавената и изманипулирана биомаса?

Со доминација на неписмени или функционално неписмени, озлобени, хистерични, шашардисани, намерно и свесно и систематски,  седум години на макс од амплифаерот на вмро-дпмне?

Тој сака Македонија да остане бродоломец во океанот полн со орка китови, бели и црвени ајкули, орли, лавови и други предатори.

На сплавчето на својата морална грамадност, како вечно онеправдани и предадени.

Во најзаебаното време кога сите геополитички метеоролози најавуваат урагани од осма категорија.

Тој ќе ги тера Македонците да се тепаат со сите.

Не ја сака сигурноста на Европа, парите на Европа, правото на Европа, културата на Европа, одбраната на Европа, затоа што цената за таа топлина, безбедност и очовеченост, е да ги тури Бугарите во преамбулата.

Многу бараат, бре, овие од Брисел!

Како некој на кого бесплатно му ја даваат најубавата жена, пред сексот да рече дека не ја сака ако не си ги исправи влакната од венериното брегче, тоа е неговата црвена линија.

Хахаха!

Не знам дали влен ќе излезе од власта како што најавуваше. Не знам што ќе прави дуи. Да сум на нивно место, или ќе барам итна демисија на Мицкоски или во Тетово ќе формирам ААО (Албанска автономна област) со право да се приклучи кон Албанија и Косово на патот кон Европа.

Освен Мицко, Македонците што нема да се иселат, и ќе се стиснат на потегот меѓу Штип и Ново Село, ќе ги брани и Вучиќ, како
што ги одбрани Србите на северот на Косово.

За оние јужно од Ибар да не правиме муабет.

Не е мала работа да можеш да бираш: Сакаш Српски свет, сакаш Албански свет, сакаш Бугарски свет, а, веројатно, во игра ќе влезе и Грчкиот свет.

Све нам је то наша борба дала, вмро из малог мозга Мицика мршала.

Јахаха!

Друже Тито, пуно ти се извињавам!

Драги Македонци, ајт сега во борба, доста седевте по кафулињата.

Да ги соберете стаповите од запалените знамиња.

Само не седнувајте на нив ако се во ерективна состојба.

Или седнувајте, но, гледајте стапот да ви излезе низ устата без да ги повреди виталните органи.

Ќе бидете фиксирани, јебига, али живи!

Да видам која срамота од славната национална припадност, жив ќе се врати.

Верувам-никој!

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.