НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видео интервју: Дерала: Истрајноста на ЦИВИЛ е во успешноста да детектира и нуди решенија за најжешките теми во општеството

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода сиве овие 25 години од нашето основање во македонското општество, ако може накратко да се опише најсоодветно би требало да се каже дека беше исклучително тешко или малку жаргонски речено „оф-роуд“. Тоа е така бидејќи станува збор за секојдневна макотрпна работа од четвртина век од нашето основање. Работа исполнета со безброј предизвици на дневна основа во која ЦИВИЛ беше активен секој ден. За сето ова време испорачавме над стотици успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот дискурс. Ова меѓу другото го истакна претседателот на ЦИВИЛ,Џабир Дерала при неговото гостување во „Слободен печат“.

– Нашето патување е далеку од завршено, и ние со нетрпение ќе се соочиме со уште поголемите предизвици, но и достигнувања што се пред нас. Како организација се нафативме да работиме со најтешките, најделикатните теми кои предизвикуваат страв и поделби во општеството поради кои се обидуваме да ги премостиме и да ги донесеме луѓето, поединците, но и групите како и другите чинители на една маса да разговараат за решенија – вели Дерала и воедно се заблагодарува до сите оние кои ја поддржаа Организацијата и учествуваа во нејзината мисија сиве овие години.

Дерала посочува дека напорите на Центарот за слобода допреа илјадници животи низ сите заедници, надминувајќи ги етничките, верските, политичките и социјалните граници.

Како што појасни претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата, 25-годишниот јубилеј организацијата сепак работно го поминува и тоа со организирање на голема меѓународна конференција именувана „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи во Скопје, на 11 и 12 декември.

– На меѓународната конференција се очекува учество на повеќе од 25 говорници и тоа од 11 земји, дел од Европа, САД но и Македонија. Конференцијата има интересен концепт, а темите за дискусија ќе бидат поделени во четири панели и тоа: Демократијата под опсада, растот на крајно-десничарскиот национализам, авторитарните тенденции во Европа и светот како и последниот панел кој ќе се однесува на граѓанското општество и медиумите, што тие можат да направат за одбрана на демократијата – појаснува Дерала.

Претседателот на ЦИВИЛ објаснува дека конференцијата не е изолиран настан, туку е иницијатива на ЦИВИЛ и германските партнерски организации „Медиа Дијалог“ и „Youth4Media“, поддржана од Владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Според Дерала, конференцијата во Скопје се најде на светската мапа на настани по повод датумите за одбележување на човековите права и слободи, и е дел од официјалната програма на Неделата на човекови права, иницијатива на Северна Рајна-Вестфалија.

Повеќе од интервјуто со првиот човек на ЦИВИЛ Џабир Дерала во видеото во продолжение. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.