Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНАМИЊА: Сите имаат изговор за зголемување на тензиите, никој не нуди решенија

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2024 18:34

Проверено, за било какво дестабилизирање на државата најпрвин се креираат меѓуетнички тензии. Но, политичкото прифитерство на партиите, од било која страна, реториката на омраза ја сеат кај младите. Па затоа, оние што палеа знамиња, македонското и албанското, оние што беснееја по улиците, скандираа и беа млади луѓе и малолетници.

Биљана Јордановска

Сквернавење на македонското знаме на одбележување на Ден на албанското знаме, палење на албанското знаме (како одговор, реакција на претходниот чин?), пукање со калашников, беснеење со автомобили или креирање етнички тензии и омраза – нешто што ако го цитираме премиерот „ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии, дека ќе има, и ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде“.

Но, цитирањето на Мицкоски да не биде сфатено погрешно – иницирањето дека е овој чин на агресија и креирано сценарио е оправдување на неговата теза од претходно кога зборуваше за дестабилизација на државата од ДУИ, приказна од која не се откажува.

Реакции, осуди, барања… партиски преписки за решавање на инцидентите

Точно, ВМРО-ДПМНЕ излезе со осуда на инцидентите, повикувајќи ги надлежните институции за санкционирање на сите што го кршат законот. Со реакција излегоа и од СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица. Се јави и Јавното обвинителство, а и МВР излезе со информации дека се приведени осум лица – сите млади лица од 18 до 21 година и еден малолетник. Реагираше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, велејќи дека ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Функционерите, претседателот, потпретседателите, пратеници и членови на раководството од СДСМ, дополнително како реакција и оддавање чест, го објавија македонското знаме на своите профили на социјалните мрежи.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, пак, отиде и чекор подалеку повикувајќи на обединување, но на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НСДП, ЛДП, апсолутно сите (под „апсолутно сите“ може само да се претпоставува дали мисли и на политичките партии од албанскиот блок и на сите останати етнички заедници).

„Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичанки и струмичани, додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство. За жал, струмичкото ВМРО-ДПМНЕ нема сенс за националните интереси и интересите на граѓаните“, изјави Костадинов.

СДСМ иницирана од инцидентите повотрно повика на лидерска средба и оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„На оваа средба, сите заедно треба да испратиме порака дека Македонија е и ќе остане држава на сите нејзини граѓани. Држава која ги почитува различностите и која ги штити државните симболи, редот и мирот. Држава која не дозволува поделби, конфликти и провокации“, повикаа од СДСМ.

Одговорот, пак, на ВЛЕН, беше дека чувствуваат одговорност и затоа апелираат до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации.

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта“, реагираа од ВЛЕН.

Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење и транспарентност, од редовите на ВЛЕН и директно обвини дека ДУИ стои зад инцидентите со сквернавње на знамето, покажувајќи фотографии, од еден од младите што го палеа македонското знаме, во седиштето на ДУИ, покажувајќи и на Иљаз Лесковица, советник на ДУИ во општина Шутка, како автор на палењето.

Одговор стигна од Артан Груби, ДУИ, кој најави тужби за изнесените обвинувања.

Потпретседателот на ДУИ Бајрам Реџепи потсети дека се палеше и албанското национално знаме велејќи дека провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, при што станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација.

Каде лежи одговорноста?

Проверено, за било какво дестабилизирање на државата најпрвин се креираат меѓуетнички тензии. Но, политичкото прифитерство на партиите, од било која страна, реториката на омраза ја сеат кај младите. Па затоа, оние што палеа знамиња, македонското и албанското, оние што беснееја по улиците, скандираа и беа млади луѓе и малолетници.

„Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ – Центар за слобода со барање за итна заштита на младите од реториката на омраза.

ЦИВИЛ во својата реакција ги осудува и политичките профитери кои, наместо да понудат решенија, ги искористија инцидентите со палењето на македонското знаме за дневни политички поени, во изјави што содржат осуда, но истовремено упатија и инфламаторни, поларизирачки пораки. Тоа придонесе кон одговор од „другата страна“ и дополнителни инциденти со палење на албанското знаме, но и насилство во кое, според досега познатите податоци, еден млад човек беше претепан.

„Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии и пораки кои ги упатуваат пред сè политичките ентитети во земјава кои се вистински одговорни за настанот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ во интервју за Слободен печат.

Што всушност се одбележуваше?

На 28 ноември 1912 година Исмаил Ќемали, основачот и првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на модерна Албанија, ја повел албанската нација кон независност отцепувајќи ја од вековното ропство на Отоманското Царство.

Големо народно собрание било свикано во градот Валона на кое присуствувале 40 делегати. Едногласно било одлучено Албанија да стане независна држава. Денот се празнува и како Ден на албанското знаме бидејќи тогаш албанското знаме било подигнато во слободната Валона.

Албаниците насекаде во светот го одбележуваат Денот на независноста и на албанското знаме со манифестации, културни настани и свечености, чествувајќи ја независноста, слободата и мирот.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.