Рамуш Харадинај на првиот ден од изборната кампања, беше во Скопје, како гостин на Демократска партија на Албанците.
Тој беше пречекан од стотина граѓани, како и од претседателот на ДПА Мендух Тачи.
По добиената поддршка од гостинот од Приштина, Тачи изјави дека „ова е почеток на кампања на партијата која ги претставува Албанците и која на крајот ќе биде победник“, јавува Алсат – М.
Неодамнешната одлука на советот на градот Тетово да го прогласи Харадинај за почесен граѓанин, предизвика бурни реакции.