НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можни ли се реформи во нашето правосудство?

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во правосудството на брзина си заминаа кадрите за кои велевме дека се комунистички индоктринирани и не ја разбираат демократијата како систем на поделба на власта. Место тие што го разбираа правото како израз на волјата на власта добивме нови кадри кои правото го разбираат како израз на клановски, партиски, дури и националистички интереси.

Војо Маневски

Вечната потрага по правда е она што го држи човештвото како заедница. Сонува за правда која ќе ги стави во еднаква положба сите луѓе, иако според низа на генетски и социјални услови тие не се еднакви. Инаку секој ќе ја крои правдата според свои мерила, а таквата правда е неправда. Се сеќавам на една реченица – простувајте луѓе зошто и Бог простува, а циниците велат – простува, ама нему никој не му суди.

Да не ги измешаме работите меѓу правдата и правораздавањето. Правдата е етичка категорија, а правораздавањето е доделување и одземање права и обврски според закон. Законот е творба на законодавецот кој треба да ги донесува законите во интерес на граѓаните. За кој дел од граѓаните се донесува законот е суштината на општеството. Или законите се во интерес на моќните или се води сметка за поширокиот слој на граѓани.

Како овие постулати ги применивме за сите овие години на независна држава. Нема едноставен одговор на ова прашање. Законите се израз на разбирањето на општествениот интерес во дадено време и на конкретна генерација. Транзицијата се спроведе според закон, ама колку беше по правда? Како и сите гревови секогаш постои прагрев од кој се развиваат сите други гревови. Колку и да биде по закон, грабежот останува неправедна категорија. На таквите постулати и морал, дека само снаодливите успеваат, а при тоа нема етика, нема закон што важи за сите, ја растуривме економијата, образованието, државната администрација и изгледа најмногу правосудните органи. Дури и на таква искривена етика не ѝ одговара ваквото правосудство, па довербата во него е како статистичка грешка.

Дали ќе опстанеме како заедница и држава која функционира, зависи од храброста да се зафатиме со реформите и тоа во сите сегменти. Оној политичар што ќе има храброст да раководи со овие процеси треба да се стави на највисокиот пиедестал во историјата. Веројатно современиците ќе го  крстат со погрдни имиња, ама како и во хирургијата ако не се отстрани заболеното ткиво ќе пропадне организмот, а лекарот треба да го лечи, а не да го одржува по секоја цена во постела.

Можни ли се реформи во правосудството? Тврдам дека не се можни на начин кој ќе донесе задоволувачки резултати, ако не се дел од целосната реформа на општеството. Реформата на политичкиот систем мора да биде водечки дел од тие реформи. Реформи во општествениот морал и етика се повеќе од нужни зошто поединечниот интерес не може да опстане без тоа да е дел од поширокиот интерес. Недостатокот на квалитетни кадри за државните органи како и за целокупниот економски систем е евидентен. Што ако од новиот кредит се земат десет милиони евра за инвестиции кога тешко веќе се наоѓаат оспособени кадри сите тие инвестиции да ги операционализираат и донесат профит.

Како да почнеме да се ослободуваме од транзицискиот неморал и неодговорност? Нели е доста од преовладувачкото мислење дека постојано ни се потребни млади и креативни луѓе. Со нивото на нашето образование креацијата е само индивидуален напор за личен успех, а никако систем од кој произлегуваат такви кадри. Потребни се способни и одговорни лица кои своето знаење и искуство ќе го реализираат во различни општествени сегменти. Не сум следбеник на разните теории на заговор, ама некои показатели кажуваат дека има некаков систем во водењето на процесите последните 30 години. Оние што ни вршеа разни обуки и за тоа дебело наплаќаа за просечните познавања нѐ убедија дека сѐ во стариот систем било лошо и мораме да се прилагодиме на напредните знаења. Тие обуки ги прилагодија како да доаѓаа во некоја средновековна земја која е толку заостаната што едвај чека да ги прифати нивните правила. На секој корен не се зафаќа секој калем, нѐ учел уште св. Климент. Резултатот е општ пад на просекот на знаење. Како во изреката „на пола пат ниту си саглам тргнал, ниту саглам стасал!

Во правосудството на брзина си заминаа кадрите за кои велевме дека се комунистички индоктринирани и не ја разбираат демократијата како систем на поделба на власта. Место тие што го разбираа правото како израз на волјата на власта добивме нови кадри кои правото го разбираат како израз на клановски, партиски, дури и националистички интереси. Набрзина се девастираше правниот факултет и со низа клиентелистички мерки и постапки се сведе на курс за идни носители на дипломи. Одличен студент што ги знае законите, а не го разбира правото како  врвна општествена одговорност може само да биде судски бележник, а не и обвинител или судија.

За триесет години се наполнија судовите со кадри кои и не се пред сѐ партиски, туку извршувачи на интересите на разни центри на моќ во државата. Нема овде правна етика, постулати, па дури ниту закон и процес. Се толкуваат законите на најекстензивен начин за да се задоволи интересот на оној кој има вистинска власт врз обвинителите и судиите. Идејата да се направи нов лик на граѓанин и со нова етика која ќе биде разбирлив за обучувачите од ЕУ не се реализира.

Академијата како место од каде треба да произлезат новите обвинители и судии се претвори во курс за деца на политичари и деца на поранешни судии и обвинители. И нека се најдобри и нека ги познаваат законите како оче наш, правораздавањето бара конкретна проверка на менталната силина на носителот на овластувања кои треба да ги има обвинител или судија. Како се стекнува тоа искуство господа реформатори? Само низ пракса. При тоа ако сакаат од Брисел да ни помогнат тогаш овде треба да е нивната експертиза и искуство. Во конкретното водење на обвинителските и судски процеси. Нашите носители на правосудни функции за последните три децении покажаа дека не ја исполнија задачата. Зошто сега би им ги оставиле и новите носители на најодговорни функции тие да ги учат.

Протенстантското разбирање дека сѐ може да се купи и да се плати, пред сѐ лојалноста и одговорноста ќе го девастира нашето општество до ниво на некаков резервоар за работна сила и можеби во иднина како прифатилиште за разни мигранти. Треба да бидеме среќни ако станеме ланец на пензионерски и болнички установи за пензионерите од ЕУ.

Затоа со високи плати на обвинителите и судиите тешко дека ќе се реши проблемот на правораздавањето. Корупциските фондови се далеку поголеми од месечните или годишните плати.

Затоа мора да се влезе во сеопфатна реформа на целиот систем. Почнувајќи од нас граѓаните кои без одговорност ги трошиме ресурсите на нашите идни генерации, разбирајќи ја државата како безграничен базен на средства за сите наши болки. Затоа и нѐ напуштаат младите не сакајќи во иднина да ги плаќаат нашите заблуди. Гласаме според наше разбирање на работите, а им ја кроиме судбината на нашите потомци.

Ако не се разбере општествениот систем како организам кој за да функционира треба да се третира како целост, ниту една реформа нема да изведеме до крај. Затоа да го лечиме организмот во целост. Уште сега сум подготвен да напишам ода за реформаторот што ќе смогне храброст да почне со реформи, иако во почетокот и тој и јас и мојата ода ќе бидеме затрупани со купишта омраза.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.