Опасниот афлатоксин М1 е откриен во млекото во две холандски фарми. Организацијата која опфака 98 проценти од холандските фарми и 9.000 вработени во тој сектор, уверува дека контаминираното млеко од тие фарми не стигнало во продавниците.
Според првичните информации извор за појавата на афлатоксин во млекото е пченката која се користела како храна за кравите пренесува новинската агенција Итар Тас.
Геманскиот весник Spigl минатата недела објави дека во Долна Саксонија се откриени најмалку 10 000 тони на пченка која била увезена од Србија.
Весникот додава дека мали количини од оваа пченка се распределени во Северна Рајна- Вествалија, Брандербург, Шлезија-Холштајн, како и во Холандија.