Украина го претстави новиот хибриден дрон-ракета кој, според Киев, веќе е користен во борба и сега влегува во масовно производство.
Најновото домашно оружје, познато како „Пекло“, има значително поголем дострел од крстосувачките и тактичките балистички ракети, кои на Украина ѝ беа испорачани од западните земји.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека првата серија од ова оружје е веќе испорачана на армијата, но не прецизира колку примероци вклучува тоа. Тој потврди и дека „Пекло“ веќе е користен во борбени услови.
Клучно е нашите бранители да добијат такво модерно оружје од украинско производство, рече Зеленски, според соопштението од неговиот кабинет. Задачата сега е да продолжиме да го зголемуваме производството и употребата на овие оружја.
Украина тврди дека „Пекло“ има дострел од 700 километри или 435 милји, што е повеќе од двојно од дострелот на американските тактички ракетни системи ATACMS од 300 километри)и крстосувачките ракети Storm Shadow/SCALP-EG обезбедени од Британија и Франција со дострел до 250 километри.