Насер Зибери: Со соодветна и правична застапеност која ја отсликува реалната состојба на бројот на населението по етничка структура може да се пофали Собранието на Република Северна Македонија, неколку министерства, може да се пофалат неколку единици на локална самоуправа без оглед каде е доминантно македонското или албанското население, но има многу институции каде отстапуваат од ова правило и јас при објавување на минатогодишниот извештај ги цитирав и по име. Промена или подобрување нема и во моментов можам да ги спомнам. Македонската академија на науките и уметностите од 91 вработен, 90 се Македонци, само еден е Албанец и ниту еден од друга етничка заедница. Може да ги спомнам и јавните државни претпријатија како што е МЕПСО, како што е ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор кадешто етничката застапеност е крајно непочитувана и таа е под 10 отсто, односно само 6 отсто на албанската етничка заедница, под 1 отсто на турската етничка заедница. Има институции кои се солидни и има институции кои ги надминуваат процентот на застапеност но има и некои кои сериозно потфрлуваат. Не е подобра состојбата и во Врховниот суд. Тука секогаш зборувам за вработените, не за лица избрани и именувани. Не е подобра ситуацијата и во кабинетот на претседателот на државата и во самиот Секретаријат на Владата.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.