Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Секој четврти жител на Западен Балкан размислува или веќе е во процес да ја напушти својата земја

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2024 15:20

Само 31 процент од испитаниците веруваат дека регионот ќе биде побезбедно место во следните 12 месеци.

 Речиси половина од граѓаните на Западен Балкан сметаат дека постои реална можност за војна во регионот, покажува годишното истражување на јавното мислење за перцепцијата на безбедноста на Советот за регионална соработка -РКК, SecuriMeter 2024 година.

Генералниот секретар на РКК, Мајлинда Брегу, на денешната презентација на извештајот пред новинарите во Тирана изјави дека загриженоста за потенцијалните конфликти е широко распространета кај граѓаните на земјите од Западен Балкан.

  • Оваа вознемиреност е најизразена во Србија – 58 отсто, во Босна и Херцеговина 51 отсто и во Црна Гора 49 отсто, изјави Брегу.

Според истражувањето, како што додаде таа, помалку од 40 отсто од жителите на Западен Балкан сметаат дека регионот е безбеден за живот.

  • Оваа грижа за регионалната безбедност најверојатно е последица на тековните прашања, вклучително и тензиите меѓу Србија и Косово кои се пренесуваат во Албанија, како и етничкиот антагонизам во Босна и Херцеговина, кој исто така е во пораст во Србија, рече Брегу.

Спротивно на регионалната безбедност, истражувањето покажа дека граѓаните се чувствуваат побезбедно на ниво на нивните земји, како и на индивидуално ниво – 52 отсто од испитаниците сметаат дека нивните земји се безбедни.

Брегу како особена загриженост посочи дека граѓаните на Западен Балкан не гледаат оптимизам за безбедносната состојба во иднина.

  • Само 31 процент од испитаниците веруваат дека регионот ќе биде побезбедно место во следните 12 месеци, додаде таа.

Кога станува збор за миграцијата, таа изјави дека 21 отсто од населението на Западен Балкан живее во странство, што е најизразено во Босна и Херцеговина (49 отсто) и Албанија (41 отсто).

  • Секој четврти жител на Западен Балкан размислува или веќе е во процес да ја напушти својата земја, рече таа за Брегу.

Таа додаде дека 83 отсто од испитаниците ја навеле распространетата корупција како еден од најголемите проблеми, додека 77 отсто се загрижени за високите цени на становите и инфлацијата – највисока во Србија, 81 отсто, а потоа во Албанија, 71 отсто од испитаниците.

  • Прифаќањето на реалноста, во контекст на овие податоци, секогаш е добра почетна точка во процесот на донесување одлуки. Но, многу често, прифаќањето на реалноста во Западен Балкан не е лесна задача, рече Брегу.

Годишното истражување на SecuriMeter се спроведува од 2021 година и дава увид во ставовите и искуствата на јавноста во однос на безбедноста, управувањето и довербата во регионот на Западен Балкан.

 

истражување западен балкан безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.