Кралицата Елизабета со насмевка на лицето и одејќи се поздрави со послугата и болничарите и ја напушти болницата попладнево.
Облечена во црвен фустан украсен со брош, 86-годишната Британската кралица беше однесена во Бекингамската палата.
Поради симптоми на гастроентеритис кралицата беше хоспитализирана само еден ден.
Сите нејзини обврски за неделава се откажани, но, останува во план патувањето за Италија на 6 и 7 март.