Тирана: Албанската Национална управа за храна уништи повеќе од 60 тони мандарини, вратени од земји членки на Европска Унија, поради високо ниво на пестициди, опасни по здравјето.
Последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, кои на големо увезуваат овошје од Албанија, по направените анализи од граница ги вратиле назад камионите натоварени со ова овошје.
– Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, објавија албанските медиуми.
Албанија, во просек годишно извезува над 20.000 тони мандарини, добар дел од нив завршуваат на македонскиот и косовскиот пазар.