Скопје: Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин попладнево беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – МНР, каде му беше врачена протестна нота.
-На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија, информираат од МНР.
Претходно, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.