Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во својот говор на митингот во Струмица рече дека предвремени избори ќе има и покрај тоа што во договорот не стои никаде експлицитно привремени. Тој вели дека тоа е така затоа што Груевски ветил дека до Јуни ќе го промени името за што дал ветување.
“Затоа што Никола Груевски зел обврска, давал уверувања пред меѓународната заедница и тоа не во петокот, туку многу порано, претходно дека до јуни ќе направи се да го реши спорот со Грција и Македонија на јунскиот самит на ЕУ да добие датум за почеток на преговорите. Ете, тоа е причината зошто го прекинавме бојкотот и зошто одлуката за предвремени парламентарни избори ќе се носи после јули, а најдоцна пред почетокот на септември”, рече Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.