Вашингтон: Американскиот претседател, Џо Бајден, им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно ослободување, во последните чекори пред да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Потегот на Бајден ќе го загрози планот на Трамп за забрзување на егзекуциите. За разлика од извршните наредби, наследникот на претседателот не може да ги поништи одлуките за помилување.
Нека нема сомнеж: ги осудувам овие убијци, жалам за жртвите на нивните одвратни дела и тагувам за сите семејства кои претрпеа незамислива и непоправлива загуба но, водејќи се од мојата совест и моето искуство, јас сум повеќе убеден од кога било дека мораме да ја прекинеме употребата на смртната казна на федерално ниво. Постапувајќи со добра волја, не можам да отстапам и да и дозволам на новата администрација да продолжи со егзекуциите што застанав, изјави американскиот претседател