Единбург: Мал авион се урнал само неколку моменти по полетувањето од аеродром во Шкотска.
Инцидентот се случил на аеродромот Фајф денеска нешто пред 12 часот. Авионот кој штотуку полетал паднал во ливада во близина на аеродромот.
Во моментов не се знае колку патници имало во авионот, како и дали има повредени или жртви.
Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек, соопшти шкотската полиција