Зaпалена фотографија на премиерот на Македонија, Никола Груевски во Тирана, пренесува порталот Тетова1.
Инцидентот се случил на вчерашните протести во Тирана, поттикнати од случувањата во Скопје по демонстрациите на поддржувачите на новиот министер за одбрана Талат Џафери.
На протестот бил прочитан апел до Албанците во Македонија да не се плашат затоа што не се сами.
„Ние ја следиме ситуацијата во Македонија. Скопје ќе биде трет главен град на Албанците на Балканот.
– Ја повикувам Владата, ги повикувам албанските партии во Македонија да ги преземат сите законски мерки против прекршењето на правата на невини Албанци“.
Демонстрантите носеле транспаренти: „Долу шовинизмот во Македонија“, „УЧК, УЧК“, „Етничка Албанија“, „Груевски никаквец“.