Бранко Тричковски: Приказната за тоа дека бил следен, тој и неговото семејство, од македонските безбедносни служби и тоа како „мозок на паравоени структури” и отворениот предмет во Јавното обвинителство по допрен глас директно од гласниот апарат на премиерот, најверојатно ќе се влече и уште некое време ќе се експлоатира на оваа ниво на „откритието на Мицко”. Ако пак навистина се спроведе истрага, можни се две опции: едната е дека службите не го следеле, а втората е дека службите навистина го следеле затоа што имале основи да се сомневаат дека тој и неговата партија, за која јас со години тврдам дека е злосторничка инсталација, работеле против интересите на народот и на државата. За што, колку што се сеќавам, имаше и правосудни решенија за злосторничко здружување. Не знам дали имале основи да го следат како „мозок на паравоени формации”, но знаејќи ја историјата на оваа чудовиште, не би ме изненадило да имале и такви информации. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.