Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски – македонскиот полчитички камелеон

0
By Zoran Ivanov on December 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2024 19:29

Политичкиот камелеон Мицковски заборава дека му беше чирак на Груевски кој го десловенизира македонскиот народ со антиквизацијата и го одложи 15 години влегувањето на земјата во НАТО и почетокот на преговори за влез во ЕУ. И при тоа во 12 годишната подршка на диктаторски режим на Груевски кој беше урнат под силен масовен притисок на граѓаните и меѓународната заедница како услуга Груевски му овозможи да изгради неколку мали хидроцентрали со што се збогати.

 Тито Беличанец

Во неделникот “Фокус” од 29.12.2024 година меѓу другото Премиерот Мицковски изјави:

“Но тоа што она што тие себе си си го направија и на Македонија како нивна татковина е нешто кое што мислам дека децении ќе биде незаборавено и нема да им биде простено од граѓаните, пред се од македонците бидејки нанесоа многу болка на македонците. Мислејќи дека се национално исплакнати, мислејќи дека ќе водат таква би рекол квази политика нанесоа многу болка на граѓаните а пред се на македонскиот народ и тоа нема да им биде простено, верувајте, и тоа нема да им биде простено со децении, ниту пак заборавено.“

Го читам интервјуто на Мицкоски и констатирам дека човеков не само што има кусо сеќавање туку е нечесен лажго, типичен политички ВМРООНСКИ камелеон.

Во триесет годишниот период на самостојна Македонија најголемата политичка болка на македонскиот народ му ја нанесе промовираната ВМРО ДПМНЕ како континуитет на нациошовинистичка ВМРО на Ванчо Михајлов со програмата за “Обединета Македонија” со бугарско население кое зборува бугарски јазик која предизвика вооружен сукоб со Албанскиот национал шовинизам и кој доведе до изнудениот Охридски договор кој ја измени државната АСНОМСКА архитектура на земјата.

Политичкиот камелеон Мицковски заборава дека му беше чирак на Груевски кој го десловенизира македонскиот народ со антиквизацијата и го одложи 15 години влегувањето на земјата во НАТО и почетокот на преговори за влез во ЕУ. И при тоа во 12 годишната подршка на диктаторски режим на Груевски кој беше урнат под силен масовен притисок на граѓаните и меѓународната заедница како услуга Груевски му овозможи да изгради неколку мали хидроцентрали со што се збогати.

Политичкиот камелеон Мицковски 7 години тврдеше, а во изјавата во “Фокус” потврдува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство и соработка кои беа услов од ЕУ и САД за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговорите за влез во ЕУ нанесена е “голема болка на граѓаните, а пред се на македонскиот народ” и дека со нив се водела квази политика и дека тоа нема на СДСМ да му биде простено.

По добивањето на изборите ВМРО ДПМНЕ стекна двотретинско мнозинство во собранието и Мицковски е избран за премиер и наместо да ја намали “големата болка на македонскиот народ” и да ја измени “квази политиката на СДСМ” и да се надмине со децении незаборавеното и не простено од граѓаните, пред се од македонците кои “се национално исплакнати” редно беше да ги поништи Преспанскиот договор, Договорот за пријателство и соработка со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ.

Напротив Мицковски како политички камелеон ги “рехабилитира” сите “антимакедонски договори”, влезот на земјата во НАТО и во ЕУ и ги прифати како програмска цел на неговата партија ВМРО ДПМНЕ и почна да се шепури на меѓународните средби во ЕУ и НАТО како заслужен “национален политичар”.

Но при тоа и понатаму останува неискрен зошто по секоја цена сака да го оправда своето седумгодишно спротиставување на влезот на земјата во НАТО и почеток на преговорите за влез во ЕУ така што продолжи на ги блокира започнатите преговори за влез во ЕУ со измислена флоскула дека внесувањето на 3000 Бугари граѓани на земјата, покрај другите народности, во преамбулата на уставот е “диктат на Бугарија” и “национално предавство, што де факто и де јуре значи континуитет на не прифаќање на Преговарачката рамка за влез на земјата во ЕУ скоро две години од почетокот на преговорите. При тоа не нуди алтернатива туку коленичи птед Бугарија да ја прифатела т.н. формила “усвојување на амандманите со одложено дејство”.

До кога ќе продолжи да колничи со неговата камелеонска политика и гимнастика ќе видиме во 2025 година.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

тито белицанец мизкоски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.