Гордана Сиљановска Дафкова: И како човек и како Претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат.
Африм Гаши: Сечија посветеност е клучна за остварување на нашите заеднички аспирации. Затоа, надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа идеална држава со нашите заеднички вредности. За крај, дозволете ми во мое лично име, во името на пратениците и во името на Собранието да ви честитам Нова Година со здравје, мир и среќа на вам и вашите семејства.
Христијан Мицкоски: 2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие граѓаните ја посакувате и каква што сите ние заедно ја заслужуваме. Македонија, која ќе биде повторно ваша.