Ерол Ризаов: Новата самоубиствена тенденција на осилената власт е да се доведат во прашање веќе стекнати права што неминовно ќе ги влошат меѓуетничките односи. Кога се влечат вакви опасни потези не смее да се заборави фактот дека распадот на Југославија почна со хегемонизмот и со одземање на стекнати права. Обидете се на член од семејството да му одземете некои од придобивките што сте му ги дале, или тој се изборил за тоа, сеедно, па ќе ја видите реакцијата. Се додека се доаѓа на власт со ветувањата дека Македонците дале премногу права и дека мнозинството се граѓани од втор ред во сопствената држава од една страна, а од друга дека досега ништо не е направено за правата на Албанците не може да се очекува подобрување на меѓуетничките односи. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.