Бранко Тричковски: “Кога некој во Брисел ќе биде подготвен да разговара со мене за крај на процесот, тогаш јас ќе бидам подготвен”. Изјави Мицко, со лефтерна фраерска интонација каква што под шешир со широк обод и прашливо пончо, фаќаше Клинт Иствуд додека со забите го стискаше опушокот од пурата, чекајки го злосторникот прв да се фати за револверот. Ало, Брисел, ги следите ли вие вестите од Нордот или уште сте под дејство на светите малигани на мерикристмас и хапи ну јиар прославите? Кога ќе имате некој што е спремен да разговара со Христијан за крај на процесот, јавете се, понеже Тој е подготвен.Вие сте на потег! Не е убаво да го оставате без партнер за партијата домино околу гаранциите за македонскиот идентитет. Освен тоа ризикувате да останете без Македонија, понеже ако не сте спремни да му дадете гаранции, тој никогаш нема да го смени Уставот. А Европа без Македонија Норд е како Макалан без алкохол. Ако сте мамурлии, спремни сме да ви пратиме една цистерна расолница и два камиона блок макс сирупи. Башка, му оставате многу време на Мицко за физчки и ментални ппдготовки, се плашам дека ќе ве растури побрзо од Македонија.